ВМРО-ДПМНЕ, партијата заштитник на криминалот, продолжува со измислување случаи, со извитоперување на извештаите и со креирање лаги преку кои се обидува да ја манипулира јавноста.
Борбата со криминалот, вклучително и во рамки на граничните премини, е врвен приоритет. Не е точно дека видеонадзорот на некои гранични премини не функционира како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ, а уште поголема лага е дека камерите биле намерно исклучувани заради евентуални злоупотреби.
ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека на сите гранични премини освен видеонадзор од националниот координативен центар за гранично управување, постои и видео надзор од Царинската управа и дека е невозможно некој намерно да го исклучува видео надзорот.
Ниту една лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да го сокрие фактот дека релевантни истражувања на јавното мислење покажуваат дека над две третини од граѓаните имаат доверба во полицијата и се чувствуваат безбедно.
Официјални податоци ги демантираат лагите од скапоцениот дворец. Стапката на криминал бележи опаѓање, а се зголемува откривачката функција на полицијата, особено во делот на сузбивање на организиран и сериозен криминал и тоа по сите параметри.
ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажува дека нема план, нема идеја ниту каква било мерка во интерес на граѓаните и дека целокупното десјтвување го темели на деструкција, лаги и измислици.