– Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на акриламид, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.
Според Бабовски, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен.
Во меѓувреме, активно се следи и кога РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет.
-Во РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ се уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме, истакна Бабовски.
На хрватска граница е стопирана пратка на чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија, во кој е утврдено високо ниво на акриламид. Ова го објави и Европската комисија на својата официјална веб-страница.