Римокатоличкиот поглавар, папата Франциско, ја навести можноста да го посети Косово.
„Работиме на Косово, но тоа не е дефинитивно“, им рече Папата на новинарите за време на неговата посета на Португалија.
На прашањето дали има намера да ја посети Шпанија, папата за дигиталното издание на дневниот весник „Вида нувеа“ изјави дека нема да оди во ниту една голема земја во Европа додека не заврши со малите.
Според „Вида нуева“, тој всушност го повторил она што веќе го кажал во 2014 година кога Албанија била првата европска земја што ја посетил.
Сега Косово би можело да биде додадено на листата на „малите“ земји за посета на Папата, пишуваат медиумите и додаваат дека оваа можност се појавила откако косовскиот премиер Албин Курти го посетил Ватикан на 22 јуни.
За време на таа аудиенција Курти го покани папата да го посети Косово.