Пазарот на трудот во САД сепак е доволно силен за да им пркоси на предвидувањата дека зголемените каматни стапки ќе ја доведат земјата во рецесија, јавија американските медиуми.
Американските работодавци минатиот месец додадоа 187.000 работни места, што беше помалку од очекуваното. Но, стапката на невработеност падна на 3,5 отсто, што е знак дека пазарот на труд таму останува отпорен.
Во јуни, американското Министерство за труд објави 185.000 нови работни места, што е ревидирана бројка од првично пријавените 209.000.
Економистите очекуваа во јули да бидат отворени 200.000 нови работни места.
Сепак, според американски медиуми, резултатите од вработувањето минатиот месец беа солидни, имајќи предвид дека Федералните резерви ги зголемија своите референтни каматни стапки 11 пати од март 2022 година.