(Видео) Новинарката Дуковска го нападна Гоце Делчев – претседателот на НСП

Денеска дошло до инцидент на пресот на Независниот синдикат на полицијата, при што претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев Тодев бил нападнат од новинарката Александар Дуковска.

Како што може да се забележи од објавите на социјалните мрежи, Дуковска го напаѓа и удира Делчев, кој бега и се трга од неа, без да сака да ѝ возврати. Таа притоа мавта кон него со новинарската акредитација.

Засега не се знаат причините поради ваквиот инцидент.

Додека во цел свет новинарите се тие што се напаѓани , во Македонија, агресивнa новинаркa го нападнаа претседателот на Безависниот синдикат на полицијата. Го губи ли некој трпението и со физички напад се обидува да го заплашат независното синдикално постоење, објави Делчев на својот Фејсбук профил.

Случајот е пријавен во МВР.

Александра Дуковска го сврте вниманието на јавноста пред неколку дена на прес-конференција во Владата. Додека министерот за економија, Крешник Бектеши раскажуваше зошто го поддржал отворањето на рудникот Иловица-Штука, Дуковска реагираше зошто Бектеши ја нарекува државата Република Македонија. Бектеши на новинарката ѝ одговори дека користи Република Македонија затоа што цитира документи кои се донесени кога името на државата било Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави