Јужно Кинеско Море: Кинеската крајбрежна стража пукала кон филипински бродови со водени топови

 Филипини денеска ја обвинија кинеската крајбрежна стража дека пукала со водени топови врз филипинските бродови во Јужно Кинеско Море, нарекувајќи ги дејствијата незаконски и опасни.

Филипинската крајбрежна стража силно ги осудува опасните маневри на кинеската крајбрежна стража и нелегалната употреба на водени топови против (филипинските) бродови, се наведува во соопштението за вчерашниот инцидент.

Според филипинската крајбрежна стража, инцидентот се случил додека се транспортирале резерви за филипинскиот воен персонал стациониран на атолот Втори Томас на островите Спратли во Јужно Кинеско Море.

Пекинг има територијални претензии за речиси целото Јужно Кинеско Море и покрај тужбите на Филипините, Виетнам или Малезија, игнорирајќи ја меѓународната пресуда од 2016 година против Кина.

Манила се жали дека нејзините бродови кои патролираат во овие спорни води се редовно набљудувани или блокирани од кинеската крајбрежна стража или бродови на морнарицата.

Треба да знаете
Последни објави