Белоусов: Русија ќе произведе десетици илјади дронови

Русија е подготвена да започне нова индустрија – производство на беспилотни воздушни системи, најави вицепремиерот на Русија Андреј Белоусов на форумот „Архипелаг-2023“ што се одржа во Новосибирск.

-Подготвени сме да започнеме нова индустрија. Ја имаме речиси целата линија, можеби со исклучок на одредени компоненти. И ако зборуваме за линијата на беспилотни воздушни системи, тогаш таа е речиси завршена, рече тој.

Белоусов нагласи дека домашните примероци на дронови се на светско ниво, а некои се и повисоки од светско ниво.

Според него, Русија до 2024 година треба да достигне производство на 18.000 големи и средни цивилни беспилотни летала на годишно ниво.

-И тоа без да се земат предвид беспилотните летала со тежина помала од еден килограм, од кои ќе има десетици илјади, објасни Белоусов.

Треба да знаете
Последни објави