Новиот сој на коронавирус регистриран во 36 земји ширум светот

Сојот ЕГ.5.1, наречен и Ерис, на новиот коронавирус се шири низ светот и веќе е регистриран во 36 земји, објави Џерузалем пост. 

Заклучно со 24 јули 2023 година, регистрирани се 2.442 случаи на инфекција со Ерис во 36 земји ширум светот, вклучително и 18 во Израел.

Варијантата сега е доминантна во Британија, каде што продолжува да растe бројот на хоспитализирани пациенти со КОВИД-19, соопштија британските здравствени власти минатата недела.   

Според Управата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА), надзорот на варијантата ЕГ.5.1 започна на почетокот на јули, по зголемените извештаи за неговото ширење, особено во Азија. Варијантата на новиот коронавирус за првпат беше откриена во март годинава. 

Треба да знаете
Последни објави