Реката Сава кај нуклеарната електроцентрала Кршко (НЕК) сега има проток и ниво пониско од критериумите за вонреден настан, а трендовите укажуваат дека протокот и нивото на Сава дополнително ќе се намалуваат, соопштија синоќа од електраната.
Според претставниците на НЕК, тие однапред се подготвиле за прогнозираниот висок водостој и успешно ги спречиле негативните влијанија врз опремата и работата на електраната, така што и во вонредни ситуации би можеле да продолжат безбедно да функционираат со полна моќ.