Врз основа на воспоставената меѓуопштинска соработка со Град Скопје, Општина Центар започнува со реконструкција (рехабилитација) на улица ,,Славејко Арсов” (со краци) и улица ,,Столтенбергова”.
-На овој потег на улицата ,,Славејко Арсов” ќе биде поставен нов асфалт со должина од 5800 м2, и нови рабници со вкупна должина од 250 метри. Заедно со поставувањето на новиот асфалт долж овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 38 шахти, соопшти градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.
Во следниот период ќе започне реконструкција и на улицата ,,Столтенбергова”.