Денес МВР на претендентот за претседател на државата Спасовски, и Ковачевски, под налог на ДУИ открија голем и страшен криминал. Значи не е тендер, не е матна милионска зделка во 4 очи, не е ниту дуќан, зграда или Ауди кое необјасниво станало директна или индиректна сопственост на некој кој е на функција. Туку Папазов од Кочани именувал директор на школо кој не бил по кејфот на власта. Затоа заработи кривична пријава, а МВР пушти соопштение небаре откри голем криминал, а не директен партиски реваншизам. Со ваква полиција, со ваков несуден кандидат за претседател кој ја води полицијата и со ваков премиер криминалците немаат мака, мирно си спијат и си работат.