25-годишен маж е спасен по околу 35 часа поминати на полупотопен брод во Атлантскиот Океан, на околу 20 километри од брегот на Флорида.
Чарлс Грегори исчезнал во близина на брегот на Флорида, каде што отишол на риболов, изјави неговиот татко за „Си-Ен-Ен“. Неговото семејство контактирало со крајбрежната стража откако младиот човек не се вратил на пристаништето во Сент Августин, Флорида.
Американската крајбрежна стража соопшти дека нејзините членови го спасиле Чарлс откако го забележале од авионот како седи во неговиот чамец.
„Бил исплашен до смрт. Рече дека во тие 30 часа повеќе пати се свртел кон Бог отколку во целиот свој живот“, рекол таткото на младиот човек, Рејмонд Грегори.
Тој изјавил дека додека неговиот чамец се оддалечил од брегот, Чарлс ги загубил појасот за спасување и мобилниот телефон, видел ајкули и бил каснат од медуза.