Леонардо да Винчи често ги оставал своите дела недовршени, а најлогично објаснување за ова е дека познатиот ренесансен сликар страдал од нарушувања на вниманието и хиперактивност, тврдат водечките британски истражувачи.
Ремек-делото на Да Винчи, Мона Лиза, кое тој го сликал четири години, е најпознатата недовршена слика, а неговата тенденција да талка меѓу проектите укажува на хиперактивно нарушување.
Освен неговата широка креативност и неможноста да ја исполни својата задача, историските податоци покажуваат дека ова се припишува на неговата немирна природа. Сликарот работел деноноќно со многу малку одмор што го користел за кратки дремки.
Постои индиректен доказ дека мозокот на Винчи е организиран поинаку од просечните. Тој бил левак, дислексичен и поседувал доминација на јазикот во десната страна на мозокот, а овие феномени се чести кај луѓето со хиперактивни нарушувања.
Хиперактивноста може да ја објасни неверојатната креативност на ренесансниот гениј, како и неговите достигнувања во уметноста и науката.