Пеп е лут: Ова е „Енфилд“, сè беше дозволено освен нашиот гол

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не ја криеше својата лутина и фрустрација по 1:0 поразот од Ливерпул, сметајќи дека голот на Фил Фоден во второто полувреме бил неправедно поништен на „Енфилд“, посочувајќи дека судијата Ентони Тејлор подлегнал на атмосферата на „Енфилд“.

Фоден постигна гол по асистенција на Ерлинг Халанд, но ВАР снимките покажаа дека Норвежанецот го фаулирал Фабињо пред акцијата за гол.

„Ова е ‘Енфилд’. Судијата зборуваше со моите помошници и кажа дека нема да суди фаули доколку не се 100 отсто јасни и во текот на целиот натпревар се беше дозволено. Освен голот, кој откако го постигнавме, не беше во ред. Кога ќе пристигнам тука, вели ‘Ова е Енфилд’. Многу години доаѓаме тука. Загубивме бидејќи направивме грешка против силен тим. Но, сите работи денеска беа фер и дозволени освен нашиот гол. Тоа е реалноста“, вели Гвариола.

Од Манчестер сити исто така посочија дека Гвардиола бил гаѓан со парички по поништениот гол на Фоден, и Клоп вели дека треба да работат на својата прецизност.

„Следниот пат ќе се подобри. Не ме погодија. Се обидоа, но не ме фатија. Овојпат не“, вели Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави