Русија собори два борбени беспилотни летала кои се движеа кон Москва

Руската ПВО собори две борбени беспилотни летала кои се движеле кон Москва, изјави денеска градоначалникот на рускиот главен град Сергеј Собјанин.

-Потврден е обид на две борбени беспилотни летала да се пробијат во градот. Двете беа соборени од воздушна одбрана. Едниот во близина на Домодедово (на југ на Москва), другиот во близина на автопатот за Минск, на запад од Москва, напиша Собјанин на Телеграм, без да прецизира кој е одговорен за нападот.

Тој додаде дека засега немаат инфомација за можни жртви и нагласи дека спасувачките служби се на местото на настанот.

Напади со украински беспилотни летала се случуваат на руска територија изминативе недели, а целта често е Москва и анектираниот полуостров Крим. 

Властите велат дека Москва била цел на повеќекратни напади со беспилотни летала минатата недела, од кои еден оштетил зграда во главниот деловен кварт. 

Треба да знаете
Последни објави