Министерството за внатрешни работи денеска во Дебар ќе презентира дел од опремата, а единиците на МВР ќе изведат неколку тактичко показни вежби во рамките на активностите по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција.
Показните вежби и презентацијата на опремата ќе се одржат во дворот на Основното општинско училиште „Пенестиа” во Дебар. вј