Минатата година, туристичките агенции имаа полни раце работа, во кризните ковид години кога народот не можеше слободно да патува. Тој тренд продолжува и годинава и туристичкиот сектор се враќа на предпандемиските резултати.
„Пари” анализираше колкав промет и заработувачка направиле туристичките агенции лани. Инетересно е што имињата на кои сме навикнале како најзвучни. Пребарувањето по платформата БизнисМрежа.мк не ги исфрли како најпрофитабилни. На пример, во тоа друштво не ги сретнавме „Савана”, „Орфеј”,„Нехар”.
Истражувањето во соработка со БизнисМрежа и Таргет груп покажува дека најпрофитабилна била туристичката агенција „Бисер травел”, а најмногу промет направила „Фибула ер травел”, која има и најмногу вработени.
Податоците покажуваат дека во првите 5 ТОП по приходи туристички агенции, направен е промет од над 33 милиони евра, односно току вредат туристичките патувања преку овие агенции во 2022 година. Преку истите туристички агенции во 2021 година е реализиран промет од 18,7 милиони евра.
Првите ТОП5 туристички агенции по добивки, заедно направиле профитод околу 1,3 милиони евра. Истите тие туристички агенции во претходната година заедно направиле профит од околу 1,1 милиони евра. Очекувано, на сите туристички агенции, освен на една од ТОП 5 најпрофитабилните, во 2022 година и е зголемен профитот во однос на 2021 година. Но, „Фибула травел” во 2021 година имала речиси 5 пати поголема добивка отколку во 2022 година.
Иако профит се намалил во „Фибула травел”, таму најмногу туристите покажале интерес да ги уплатат своите париза патување. Податоците покажуваат дека наспроти падот на профитот, растел приходот и и обезбедил прво место на листата ТОП 5 туристички агенции по приход.