Доколку сте Хрват и моментално сте на одмор во Грција, добро камуфлирајте се, не се истакнувајте и не кажувајте од каде сте, особено ако сте тука со вашето семејство – е добронамерната порака испратена до хрватските граѓани од грчкиот новинар и директор на спортски дневен весник Георгиус Мазиас. Тој вели дека сето тоа нема да застане и ќе продолжи.
Мазијас е навистина загрижен за тоа што се случува во Атина и особено она што може да следи по трагичното убиство на грчкиот навивач на АЕК, со кој хрватскиот фудбалски клуб „Динамо“ требаше да одигра натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите.
И покрај забраната, навивачите на Динамо дојдоа во Грција и предизвикаа или беа дел од хаосот во кој беше убиен 29-годишниот Михалис Какурис.
Очевидци за грчките портали изјавиле дека несреќниот човек од местото на тепачката бил однесен целиот во крв и, и покрај натчовечките напори на лекарите, починал од кобните убоди со нож, пишува „Јутарњи лист“.
Како што пишуваат грчките медиуми, навивачот на АЕК бил избоден со нож од хулигани на „Динамо“. Главната артерија на раката му била пресечена, поради што искрварил.
Фудбалскиот натпревар меѓу „АЕК“ и „Динамо“ од Загреб по инцидентот беше одложен. Во тепачката биле употребени факели, импровизирани експлозивни направи и камења.