Пензионерите од протестот во Жена парк побараа зголемување од 3.500 денари, а не 6 отсто

Денеска се одржа протест на пензионерите во Жена парк во Скопје од кој порачаа дека сакаат поголеми пензии. Тие побараа зголемување на пензиите од септември за 3.500 денари, а не само за 6 отсто како што најави Владата.

На протестот пензионерите посочија дека не се работи за партиски туку за егзистенцијален протест.

Според нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот.

Согласно новата Методологија за пресметување на пензии, во март просечната пензија од 17.666 денари се зголеми на 19.150 денари.

Треба да знаете
Последни објави