Шумските пожари на Хаваи, поттикнати од ураганот Дора, изгореа неколку згради, што доведе до евакуација и затворање на училиштата.
Во округот Мауи, 12 лица се спасени откако скокнале во океанот за да избегаат од чадот и пожарот, пренесува АП.
Крајбрежната стража ги транспортирала во безбедно подрачје, соопштија локалните власти.
Противпожарните екипи се борат со повеќе пожари концентрирани во две области: популарната туристичка дестинација Западен Мауи и планинскиот регион во внатрешноста.
„Дора“ е моќен ураган од четврта категорија со постојан ветер од околу 200 километри на час.
Хаваите претходно беа зафатени од голем пожар во 2021 година, како резултат на кој изгореа голем број куќи, а илјадници луѓе беа евакуирани.