Сплавот „Габијано“ лоциран на реката Дунав во Нов Белград делумно потона.
Како што јави РТС, половина од сплавот пропаднал во водата, а почнал да тоне во текот на ноќта.
Според неофицијални информации, на сплавот немало гости и нема повредени.
На местото на настанот има еден работник, кој објасни дека на почетокот понтонот попуштил, по што сплавот почнал да тоне.