Исчистени три диви депонии во три скопски општини

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје неделава подигна вкупно 45 кубни метри отпад од три диви депонии во скопските општини. Исчистени се депонии лоцирани во близина на Македонска куќа во општината Карпош, на улицата „Славеј планина“ во општината Чаир, како и на повеќе локации во општината Кисела Вода.

ЈП Комунална хигиена-Скопје деновиве спроведува и подигнување и транспорт на селектираниот отпад од специјалните садови наменети за одлагање стакло, картонска и пластична амбалажа, поставени на територијата на градот Скопје.

Еко-патролата на Комунална хигиена врши надзор врз неколку микролокации на улицата „Петар Манџуков“ во скопската општина Бутел, каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини. Реализирани се и едукативно-информативни активности со повеќе лица коишто се забележани при кршење на Законот за јавна чистота, преку одлагање отпад надвор од наменски поставените садови, соопшти ЈП Комунална хигиена. 

Треба да знаете
Последни објави