Целосен молк од СДС за тоа каде заглави Декларацијата за Илинден која беше помпезно најавена пред 20-тина дена.
Ниту некој ја видел, ниту некој ја прочитал, ниту пак е во собраниска процедура. Од што се исплашија Ковачевски и СДС?
Јавноста чека одговор на прашањето дали под притисок на Бугарија, СДС се откажаа од Декларацијата за Илинденското востание.
Додека кај источниот сосед се зборува за бугарскиот карактер на Илинденското востание, како и за тоа дека крајна цел на востанието било присоединување со Бугарија, СДС и Ковачевски го сокрија текстот на Декларацијата.
Искарани од Бугарија, мораа да ретерираат, па да го покријат срамот, решија да пишуваат со нивниот поголем коалициски партнер ДУИ, таканаречен Манифест, се со цел дефокусирањето од шамарите кои ги добија од Бугарија.
Дали е точно дека Османи и Маричиќ добиле сериозен укор од страна на бугарскиот државен врв, па ДУИ и СДС мораа да ретерираат и измислуваат нови документи?
Граѓаните не ги забораваат лагите, како помпезно најавуваните документи кои несреќно исчезнуваат.