Од името на СДММ, на сите млади им го честитам 12 август – Меѓународниот ден на младите.
СДММ како дел од СДСМ која ја предводи Владата и парламентарното мнозинство успешно реализираше младински политики за подобрување на животот на младите луѓе.
На иницијатива на СДММ за првпат се воведе субвенциониран студентски оброк од 2.700 денари месечно, мерка со која се опфатени околу 40.000 студенти.
СДСМ зголеми студентските стипендии, во некои категории и за 80 отсто.
За првпат по цела една деценија воведовме стипендии за втор циклус од 9.000 денари и трет циклус од 18.000 денари за дефицитарни струки.
Преку Гаранцијата за млади опфатени се 80.000 млади кои се стекнаа со вработување, платена пракса или преквалификација.
Со успешните економски политики драстично ја намалиме стапката на младинска невработеност на историски најниско ниво.
Во производството обезбедивме посебен младински додаток од 3.000 денари за сите вработени до 23 години возраст.
Обезбедивме грантови за самовработување за млади: 5.000 евра по лице или 10.000 за двајца партнери доколку основаат фирма.
Обезбедивме грантови од 10, односно 20 000 евра за млади земјоделци до 40 годишна возраст.
Зелената енергија и зелената транзиција се дел и од глобалните заложби на младите, а ние, со нашите политики сме рамо до рамо и на прво место во регионот.
Сето ова се само дел од реализираните мерки што го унапредуваат животниот стандард на младите во нашата држава.
СДСМ и СДММ се носители на европската идеја и реализација на стратешката цел членство во ЕУ до 2030 година.
Како најголема, најпрогресивна политичка младина, продолжуваме со градење на нови, одржливи политики, пред се во мерки и решенија што обезбедуваат инвестиции во зелената енергија, отворање нови работни места и подобри услови за едукација на младите.