Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, им порача на Албанците во Македонија дека не треба да му веруваат на „измамникот Албин Курти“, пренесува Косово онлајн.
Вака Харадинај реагираше на обраќањето на Курти при вчерашната посета на Тетово, каде рече дека патот Призрен-Тетово, како регионален проект, е многу важен и дека придонесува за развојот и на Косово и на Северна Македонија.
Харадинај, на својот Фејсбук профил, објави дека сите проекти и патишта на Косово се блокирани.
– Не му верувајте на измамникот Албин Курти. Сите патишта и проекти се блокирани во Косово, вклучително и патот Плав. Бидејќи веќе не може да ги лаже граѓаните на Косово, дојде да ве излаже, зборувајќи за патот Тетово – Призрен. Истото го пробал и во Албанија, но не му поверувале и го избркале. Не потпаѓајте на неговите трикови, напиша Харадинај на Фејсбук.