Касами, Меџити и Гаши не се оградија од знамето со карта на „Голема Албанија“

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, поранешниот функционер на ДУИ,
Изет Меџити, кој сега формира нова партија, Демократско движење и Африм Гаши,
претседателот на Алтернатива, која до скоро беше дел од Владата, не се
оградија од знамето со карта на „Голема Албанија“ кое се вееше во Тетово на концерт организиран во чест на „неканетиот“ гостин во земјава, косовскиот премиер Албин Курти.

Овие политичари не само што не им се извинија на граѓаните за провокативната иконографија, туку денеска тетовскиот градоначалник испрати нова провокација. Касами си направил и спот со кадрите од иконографијата за „Голема Албанија“ и го објавил на неговиот фејсбук-профил!?

На настанот кој го организираше Општина Тетово, на чие чело е Касами немаше македонско знаме, а не беше интонира ниту државната химна.

Претседателот на земјава Стево Пендаровски денеска за ваквиот однос побара организаторите на дочекот на Курти во Тетово и Чаир да сносат последици според законот.

Треба да знаете
Последни објави