Торнадо во близина на Солун: Невреме го зафати одморалиштето Неа Плаја, четири лица се повредени

Силно невреме ја зафати областа Неа Плаја на Халкидики и за неколку минути собори чадори и оштети друг мебел на плажата.

На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од торнадо во море. На снимката се гледа дека за време на невремето во близина на плажата се формирал монструозен вител кој ги поврзува небото и морето.

Локалните медиуми јавуваат дека поради силниот ветер најмалку четири лица се повредени, од кои едното, според непотврдени информации, е пренесено во болница поради скршеница.

Останатите три повредени лица се здобиле со полесни повреди на кои на лице место им била укажана прва помош од две возила на Брза помош.

Неа Плаја се наоѓа на 40 километри јужно од Солун.

Треба да знаете
Последни објави