Диего Коста во бразилски Ботафого

Поранешниот напаѓач на Челзи и Атлетико Мадрид, Диего Коста, потпиша за водечкиот тим во бразилското првенство Ботафого, соопшти бразилскиот клуб.

Коста (34) беше без ангажман од јуни кога ги напушти редовите на премиерлигашот Вулверхемптон и со Ботафого потпиша четиримесечен договор.

„Многу сум среќен што сум избран да бидам дел од семејството. Ви благодарам и се гледаме наскоро“, објави поранешниот шпански репрезентативец на социјалните мрежи.

Коста во Челзи од 2014 до 2017 година постигна 59 голови и му помогна на лондонскиот тим да освои две премиерлигашки титули откако потпиша договор вреден 32 милиони фунти. Потоа се врати во Атлетико Мадрид каде настапуваше и од 2010 до 2014 година. Во мадридскиот клуб остана до 2021 кога прејде во Вулверхемптон, а во своите два периоди во Атлетико Мадрид постигна 83 голови, освојувајќи две титули во Ла Лига и Лига Европа. 

Треба да знаете
Последни објави