Тројца мигранти од Еритреја биле откриени во автомобил на скопјанец, утрово на регионалниот пат Радовиш-Штип.
Полицијата во 3.15 часот, пред штипското село Лакавица, сопрела автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(34) од Скопје, а во кое се превезувале тројца мигранти од Еритреја.
Возачот С.Р. и мигрантите биле приведени во СВР Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против С.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.