Девет цивили, од кои две деца, беа убиени во бомбашки напад синоќа во југозападниот дел на Јемен.
Информацијата денеска ја соопшти еден лекар и бунтовници, припишувајќи ги ударите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Лекар од болницата Ал-Таври во провинцијата Таез изјави дека повеќе луѓе се повредени.
Според агенцијата на бунтовниците Саба, авиони на коалицијата гаѓале бензинска пумпа во таа област.
Во Јемен е во тек војна меѓу силите на меѓународно призната Влада, поддржана од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, и шиитските бунтовници Хути, поддржани од Иран, кои држат територии на север и запад од земјата, вклучувајќи го и главниот град на Сана.
Градот Таез, центарот на истоимената провинција, е под провладини сили, но сега се наоѓа под опсада на бунтовниците.