Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во најголемиот центар за изгореници на Балканот. Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.
Од Министерството за здравство информираат дека е обезбедено санитетско возило кое треба да тргне во секој момент.
„Голема благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо опоравување. Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија во месец јануари 2019 година потпишаа Меморандум за соработка. Нашата држава има одлична соработка со болниците во Бугарија“, велат од МЗ.