Славната модна четворка ја краси корицата на септемвриското издание на британски „Вог“.
Два дена во мај, Синди, Кристи, Линда и Наоми (не се потребни презимиња) беа во фото студио на западната страна на Менхетен за да го прават тоа што го правеа години наназад – позирање – со хумор и со немилосрдна прецизност.
Тие не се воздржуваат од носење масивни влошки за раменици, пастелни мини костуми, тесни вратоврски и салонки со тенки потпетици и изразен шпиц – предмети што немаат врска со удобниот кашмир и фармерки со кои пристигнаа – и се смешкаат со фамилијарност кон полиците на најважните парчиња за оваа сезона. Парчиња што изгледаат многу слично со дизајнерските понуди што ги носеа пред повеќе од 30 години.
Тогаш тие беа само млади девојки, и облеката немаше никаква смисла за нив. Сега тие се во своите 50-ти.
Некогаш – и сега.
Наоми никогаш не се откажува од штиклите, дури и кога нејзините колешки се боси. Тоа е мастер-класа во посветеност, пишува „Вог“ и додава: колку е чудно да се биде во верзија на сопствениот живот назад во иднината! И уште почудно е да го поминете целиот живот работејќи на тоа да бидете убави кога сте природно, по која било мера, прекрасни.
Фантастична четворка: сосема лево – Линда Евангелиста носи блуза и чевли од „Живанши“ и здолниште од „Тиори“. Синди Крафорд носи фустан и чевли „Долче и Габана“, ѓердан „Булгари“. Кристи Тарлингтон носи фустан „Сен Лоран“ од Ентони Вакарело, чевли „Маноло Бланик“, нараквица „Дебирс“. Сосем адесно, Наоми Кембел во фустан „Долче и Габана“, „Пајфери“ чевли и накит од „Булгари“.