Поетесата Мирјана Стојановска од Битола учествува на Меѓународните научно-книжевни средби „Петар Канавелиќ”, што од 24 до 26 мај се одржуваат на Корчула, Хрватска.
Стојановска на научно-книжевните средби учествува со симпозиумска тема „Барокните украси како допирни точки меѓу македонскиот поет Григор Прличев и хрватскиот автор Петар Канавелиќ”. Таа се претстави со избор од својата поезија и со презентација на поемата „Бегалци од својот дом”.
На оваа научно-книжевна манифестација на Корчула што се одржува петти пат, учествуваат поети и книжевници од Хрватска, Црна Гора, Србија и од нашата држава.