Асаф Абдурамани именуван за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

Владата, на денешната седница, ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. На седницата Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Асаф Абдурамани по професија е радиологот од Тетово.

 Досегашниот директор на ФЗО, Фатон Ахмети, денес поднесе оставка од функцијата, најавувајќи дека отсега ќе се занимава само со партиско организирање.

Треба да знаете
Последни објави