Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси се искачи на третото место на листата на најдобри стрелци на клубот на сите времиња. Триесет и шестгодишниот Аргентинец ноќеска постигна еден гол во победата (4:1) над Филаделфија Унион и сега има вкупно девет гола на првите шест натпревари за американскиот тим. Според овој показател, тој го престигна Роберт Тејлор, кој има осум гола. Најдобар стрелец на Интер Мајами е Гонзало Игуаин со 29 голови. Второто место е за Леонардо Кампана со 16 голови.
На 15 јули Интер Мајами го објави трансферот на Меси. Тој потпиша со американскиот клуб до 31 декември 2025 година.
Во 2014 година, поранешниот англиски играч за врска Дејвид Бекам стана ко-сопственик на Интер Мајами за 25 милиони долари, четири години подоцна тимот доби одобрение од МЛС, а во март 2022 година клубот го одигра својот прв натпревар во лигата.
Интер Мајами се пласира во финалето на Лига купот на Северна и Централна Америка каде ќе се соочи со Нешвил (20 август 3 часот по македонско време).