Петровска: Армиските припадници кои помагаат во Словенија се наша гордост

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостување на утринската емисија Здраво Македонијо на Канал 5 телевизија, истакна дека без двоумење предложила армиските припадници да бидат упатени на помош во Словенија, исто како што било направено и за катастрофалните земјотреси во Турција.

 “Немаше двоумење од моја страна како министерка да и предложам на владата, на врховниот командант и на началникот на Генералштабот, дека треба да понудиме наша помош за поплавите во Словенија, не заради тоа што сме членка на НАТО Алијансата, меѓутоа солидарноста и сојузништвото е нешто кое природно и припаѓа на Армијата би рекла и оној повик секогаш кога некој има потреба од помош или било каква поддршка Армијата е тука да помогне” рече Петровска.

Во тој контекст, Петровска истакна дека споделените фотографии во јавноста од припадниците на македонската Армија кои отидоа на помош за поплавите во сојузничка Словенија е нешто што не прави сите нас горди.

Треба да знаете
Последни објави