Ансу Фати, талентот кој требаше да биде „новиот Лео Меси“ во Барселона, решил да ја напушти Каталонија ова лето, губејќи ја довербата дека може да го покаже најдоброто под тренерот Чави Ернандез, тврди „АС“.
Фати влезе во игра во 79. минута од мечот од првото коло во Ла лига против Хетафе, и според шпанските медиуми, конечно, решил да стави крај на кариерата како фудбалер на Каталонците, предизвикувајќи голем интерес кај премиерлигашките клубови, Манчестер јунајтед, Арсенал и Тотенхем.
20-годишниот Фати подолго време беше промовиран како нов голем талент од славната „Ла маија“, дебитирајќи на 16 години в 2019 година, по што стана најмлад стрелец во историјата на ЛШ со голот против Милан. Меѓутоа, во 2020 година, тој го скина менискусот во левото колено и паузираше девет месеци, но довербата беше толку висока, што го доби дресот со бројот 10 на Лео Меси во 2021 година.