Ихнат: Украина нема да може да користи борбени авиони Ф-16 годинава

Украина нема да може да користи американски борбени авиони Ф-16 наесен или в зима оваа година, изјави синоќа портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат.

-Веќе е очигледно дека нема да можеме да ја одбраниме Украина со борбени авиони Ф-16 на есен и зима, потенцира Ихнат во програма емитувана на Украинската телевизија.

Украина постојано ги повикува своите западни сојузници да и обезбедат борбени авиони Ф-16, а украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека тоа ќе биде сигнал дека руската инвазија ќе заврши со пораз.

Американскиот претседател Џо Бајден во мај одобри програми за обука на украински пилоти Ф-16, но досега не е поставен временски рок за испорака на воени авиони.

-Имавме големи надежи за овој авион дека ќе стане дел од воздушната одбрана и ќе може да не заштити од тероризмот на руските ракети и беспилотни летала, изјави Ихнат.

Треба да знаете
Последни објави