Шпанскиот тенисер Рафаел Надал смета дека правилото за втор сервис треба да се укине. Шпанецот е меѓу првите осум играчи по процентот на успешност при првото сервирање.
– Јас би го укинал вториот сервис. Во тој случај мечевите ќе бидат поинтересни. Покрај тоа, може да се заштеди многу време. Навистина, меѓу првиот и вториот сервис поминува многу време, вели Надал.
Предлогот на Надал е еден од многуте кои произлегоа во последно време за промена на правилата во тениските мечеви, но останува да се види како ќе биде прифатен во тениските кругови и кај надлежните за „белиот спорт”.