Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани изјави дека е „сериозна грешка“ на Западот што дозволил поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи да биде убиен за време на Арапската пролет во 2011 година, бидејќи неговата смрт предизвикала нестабилност во Северна Африка.
-Тоа беше многу сериозна грешка. Да биде Гадафи убиен. Тој можеби не беше шампион на демократијата, но со неговиот крај политичката нестабилност дојде во Либија и Африка, рече Тајани додека присуствуваше на летниот форум во градот Лука на северниот брег на Тоскана.
Според него, благодарение на договорите со Гадафи, Италија успеала да ги запре миграциските текови, а ситуацијата била многу постабилна.
-Тој дефинитивно беше подобар од оние што дојдоа по него. По него дојде тероризмот, Муслимански браќа, рече Тајани, а неговата изјава за Либија предизвика аплауз кај публиката, јавија италијанските медиуми.
Гадафи беше убиен од бунтовниците на 20 октомври 2011 година.