Познати се тројцата претенденти за наградата тренер на сезоната 2022/23 во изборот на Европската фудбалска федерација.
Во финалната тројка влегоа: Пеп Гвардиола кој го предводеше Манчестер сити до тројната круна, Симоне Инзаги под чие водство Интер стигна до финалето на Лигата на шампионите и Лучијано Спалети со кого Наполи стана шампион на Италија.
Финалната тројка ја избраа тренерите на клубовите кои играа во европските натпреварувања минатата сезона, селекторите на репрезентациите од земјите членки на УЕФА, како и група избрани новинари.
Победникот ќе биде објавен на 31 август за време на ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите.