Грчката крајбрежна служба открила едрилица со околу 90 лица во морскиот дел југоисточно од островот Аморгос, а мигрантите биле безбедно пренесени на копно, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации мигрантите побарале помош преку европскиот број 112 за итни случаи, велејќи дека едрилицата е во тешка положба.
Сите патници безбедно биле префрлени на пристаништето на островот Лерос и привремено сместени во Центарот за прием и регистрација на мигранти.