Голем пожар беснее на терминалот за мазут Новоросијск, едно од најголемите пристаништа на Црното Море, кое се наоѓа на околу 172 километри од Крим, пишуваат руските медиуми.
Терминалот, кој има капацитет од 119.000 кубни метри и пропусната моќ од 5 милиони тони годишно, е главниот центар за извоз на руска нафта во регионот.
Засега не е јасно дали пожарот е предизвикан од удар на украинско беспилотно летало, од кое во изминатиот ден имаше неколку на руска територија, пишуваат медиумите.