Како што соопшти полицијата вчера полицајци во Чаир уапсиле лице од Скопје, постапувајќи по пријава добиена истиот ден според која тој, пред повеќе години, извршил обљуба врз неговите, тогаш малолетни ќерки, велат од МВР.
Во полициска станица тој ги признал делата за време на службениот разговор. Од МВР најавија расчистување на случајот.