Московскиот градски суд денеска нареди распуштање на здружението „Центар Сахаров“, еден од последните столбови на заштитата на човековите права во Русија, во услови на задушување на критичките гласови од почетокот на инвазијата на Украина.
Во соопштението, судот образложи дека здружението, кое го носи името на добитникот на Нобеловата награда за мир Андреј Сахаров, незаконски организирала конференции и изложби во Русија надвор од регионалната „област на активност“ утврдена во нејзината повелба.
Минатата пролет, Центарот Сахаров веќе беше принуден да ја напушти својата историска зграда во Москва.