Денешното гласање го потврди тоа што го знаевме од претходно – ако се гласа денеска двотретинско мнозинство нема, но тоа не значи дека и во иднина нема да има, вели претседателот Пендаровски. Според иако опозицијата бара избори, Владата денеска не го изгуби својот легитимитет бидејќи владите ќе се ротираат но ништо нема да се добие што би било интерес за земјата.
Со денешното гласање, претседателот вели дека опозицијата потврди дека концептот на Европската унија во Македонија пропадна и тоа е срамно и погубно бидејќи земјата одамна има утврдено во која насока сака да се движи, а единствениот пат таму е токму преку носењето на уставните измени„Што е друга алтернатива на ЕУ? Неврзаните или неутрални да бидеме? Која е алтернативата, ќе прави ли Мицкоски двотретинско мнозинство со истите политички структури и дали ќе се враќаме на старата дебата од 1991 за тоа дали ќе одиме на запад или исток?”,рече Пендаровски.Тој смета дека тоа што земјата го има на маса е нешто што е најдобро за земјава и не може да поверува како опозициската ВМРО-ДПМНЕ се „мајтапи” со францускиот предлог кој дојде од една од најмоќните земји во унијата и го нарекува бугарски диктат.На прашање за протоколот и договорот за добрососедство но и за изјавите на Радев дека ова не е последно барање на Бугарија, Пендаровски рече дека него не го интересира што ќе каже Радев, Каракачанов или пак европратеникот Џамбаски кого го нарече мал фашист, туку вели дека ние преговараме со Европската унија и прашањето денес е дали ќе завршиме со Уставот и ќе одиме понатаму, а не дали ќе има нови барања.„Сметам дека опозицијата не е во право бидејќи пред три години знаеме кај бевме и кај сме сега. Не го знам планот на Владата, но може за неколку недели од сега ќе одат на гласање. Јас реков уште претходно одма да почнеме да видиме дали имаме 80 или не и да не се бавиме со Бугарија секој ден. Аман со Бугарите веќе, јас мислам дека требаше минатата есен да го завршиме тоа а сега да зборуваме за реформи”,кажа Пендаровски.Пендаровски изјави дека не би сакал да анализира, но тој лично не сака да верува дека Албанија ќе биде одвоена од С Македонија од пакетот земји кои се влезени во процесот на интегрирање иако формално-правно таква опција постои.