Последни дипломатски напори за мирно решавање на кризата во Нигер

Делегација на Економската заедница на западноафриканските држави ЕКОВАС се очекува да пристигне во Нигер за да преговара со воената хунта која го собори претседателот на 26 јули.

Претставниците на блокот би можеле да пристигнат во главниот град на Нигер, Нијамеј уште денеска, а специјалниот претставник на Обединетите нации за Западна Африка и Сахел, Леонард Сантош Симао, е таму од петокот.

Портпаролот на ОН Стефан Дижарик вчера рече дека Симао ќе се сретне со хунтата за да се обиде да олесни брзо и мирно решение на кризата во Нигер.

ЕКОВАС денеска објави дека одредил датум за почеток на воена интервенција „доколку не успеат дипломатските напори со Нигер“, но не објавија кога тоа би можело да биде.

По дводневната средба на началниците на вооружените сили на земјите-членки на блокот во Акра, главниот град на Гана, ЕКОВАС објави дека воената акција ќе биде „последната опција за враќање на демократијата во Нигер“,

Треба да знаете
Последни објави