Триесет и петгодишниот Стефан Ивановиќ од Скопје кој од мал боледува од Церебрална парализа апелира за помош за неговото лекување со матични клетки.
„Како идат годините болеста прогресира и полека ми ги одзема сега и рацете и нозете и говорот. Во Македонија нема начин да се спречи прогресијата на болеста, па одлучив да го започнам лекувањето со матични клетки. Ова лекување во Македонија се смета за непризнато поради што Фондот за здравство не рефундира пари за лекување на Церебрална парализа. Затоа отворив броеви за донации од Телеком и А1 и решив да барам помош од хумани луѓе“.
Стефан, за да може да замине на првиот третман во клиниката EmCell во Киев, Украина го продал станот и платил 18.000 евра. Но како што наведува во неговиот апел, потребно е повторно да замине на лекување со матични клетки за 9 до 12 месеци, во зависност од опоравувањето.
“Јас повеќе немам што да продадам за да го продолжам лекувањето и затоа ги молам сите хумани луѓе и сите хуманитарни здруженија и организации да се вклучат и да помогнат да се обезбедат потребните пари”, вели Ивановиќ.
Броеви за донации;
143-303 Македонски Телеком
143-485 А1 Македонија
контакт 072/512457 Стефан Ивановиќ