Динамо покрај елиминација од АЕК, доби и казна од УЕФА!

Хрватскиот фудбалски првак Динамо Загреб синоќа имаше кошмарна ноќ. Откако беше елиминиран од грчкиот АЕК од плеј-офот во Лигата на шампионите со два гола во судиското продолжение од натпреварот, веднаш од УЕФА доби казна за нередите кои ги предизвикаа неговите навивачи со смртни последици за еден домашен симпатизер пред одигрувањето на првиот натпревар во Атина кој беше одложен пред скоро две седмици.

УЕФА му забрани на Динамо Загреб да има свои навивачи на сите гостински натпревари оваа сезона.

Треба да знаете
Последни објави