Најдобриот светски тенисер кој е во залезот од својата трофејна кариера Србинот Новак Ѓоковиќ и младиот прв светски рекет кој е во подем, Шпанецот Карлос Алкараз одиграа прекрасно Мастерс финале во Синсинати. Репризата од „Вимблдон“ помина во голема беспоштедна борба проткаена со пресврти, која на крајот ја доби искусниот Србин со 2:1.
Шпанскиот тенисер го доби првиот сет со 7:5, а во вториот се водеше вистинска борба. Но, имаше и драматични сцени кои ги загрижи навивачите на Ѓоковиќ, бидејќи нивниот миленик се пожали на слабост.

Ѓоковиќ се држеше за глава. Не изгледаше добро. Побара помош од луѓето во неговиот стручен штаб задолжени за неговото здравје. По земањето на лекови, Новак продолжи со играта и го доби мечот.